Дигитализација на администрацијата: Лична карта и возачка дозвола во мобилниот телефон преку апликацијата м.Услуги

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во своето гостување во емисијата „360 степени“ на МРТ1 ја најави официјалната примена на мобилната апликација м.Услуги, преку која граѓаните наскоро ќе можат да ги користат своите лични карти, возачки дозволи и други лични документи во електронска форма директно на своите паметни телефони.

 

Тој истакна дека апликацијата изминатиот период помина низ фаза на тестирање со неколку илјади корисници и над 200 сопствени забелешки, а беше обезбеден и соодветен протокол за размена на податоци со Министерството за внатрешни работи како матична институција.

 

Според министерот, долгорочната цел е м.Услуги да прерасне во суперапликација и дигитален паричник во кој граѓаните на едно место ќе ги имаат сите почесто користени документи, како изводи, дипломи и свидетелства.

 

Андоновски нагласи дека употребата на електронските документи е целосно легитимна и уредена со Законот за електронски документи, додавајќи дека Министерството ќе продолжат активно да ги придвижува процесите сè додека дигиталните услуги не станат секојдневие во сите институции.

 

Фото извор: https://kultura.gov.mk/





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.