Утре во Културниот центар на Македонија во Истанбул ќе се одржи концертната вечер „Патување низ звуците“

Македонскиот културен центар во Истанбул утре вечер, со почеток во 19 часот, ќе биде домаќин на значајна музичка манифестација – концертната вечер насловена „Патување низ звуците“, на која пред истанбулската публика ќе се претстават истакнати домашни уметници.

 

На сцената ќе настапат сопранот Дајана Малолари Пајазити, виолинистот Шкелзен Пајазити и пијанистката Едита Руси, изведувачи кои зад себе имаат богато концертно искуство и бројни признанија освоени на домашни и меѓународни фестивали и натпревари.

 

Музичката програма опфаќа внимателно одбрани дела од значајни домашни и светски композитори, меѓу кои Тодор Скаловски, Антонин Дворжак, Винченцо ди Кјара, Франц Лехар, Јохан Себастијан Бах, Родолфо Фалво и Дмитриј Шостакович.

 

Концертот е замислен како инспиративно уметничко патување низ различни музички епохи и стилови, со што се отвора уште една можност за успешно претставување и промоција на македонската музичка уметност пред меѓународната јавност.

 

Фото извор: https://mdt.gov.mk/





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.