Празник на хуморот и театарот: Во Куманово почнува 29. издание на меѓународниот фестивал „Денови на комедија“

Во НУ ЦК „Трајко Прокопиев“ во Куманово, од 23 септември до 5 октомври ќе се одржи традиционалниот 29. меѓународен фестивал „Денови на комедија“, кој и оваа година носе богата и квалитетна театарска програма со бројни хумористични остварувања од земјата и регионот.

 

Фестивалската програма опфаќа десет одбрани театарски претстави кои се одликуваат со динамичен хумор и врвна актерска игра.

 

Во рамките на манифестацијата традиционално ќе бидат доделени и престижни награди во повеќе категории, меѓу кои за најдобра претстава во целина, најдобра режија и истакнати поединечни актерски остварувања.

 

Свеченото затворање на фестивалот е резервирано за посебна претстава надвор од конкуренција, која годинава ќе му биде посветена на истакнатиот уметник и овогодишен лауреат, Игор Џамбазов.

 

Сите театарски изведби ќе започнуваат секој ден со почеток во 20 часот, а одржувањето на фестивалот е овозможено со поддршка од Министерството за култура и туризам и од Општина Куманово.

 

Фото извор: https://kultura.gov.mk/





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.