Меѓународен успех за Битолскиот театар: Претставата „Кориолан“ на престижниот фестивал „Волшебни ноќи во Бутринт“ во Албанија

Народниот театар од Битола на 25 септември ќе ја изведе претставата „Кориолан“ на античката сцена во рамките на престижниот меѓународен фестивал „Волшебни ноќи во Бутринт“ во Саранда, Албанија, продолжувајќи го своето успешно меѓународно претставување по премиерите на домашната и европската сценска манифестација.

 

Современата адаптација на оваа безвременска Шекспирова трагедија, во режија на Џон Блондел, ја имаше својата македонска премиера на фестивалот „Охридско лето“, додека светската премиера ја доживеа на „Шекспир фринџ фестивал“ во Верона.

 

Претставата на уметнички начин отвора суштински прашања за власта, политичката одговорност, амбицијата и сложениот однос меѓу поединецот и општеството, теми кои задржуваат висока актуелност.

 

На сцената во античкиот театар Бутринт ќе настапи реномираниот актерски ансамбл кој го сочинуваат Васко Мавровски, Петар Горко, Марјан Георгиевски, Борче Ѓаковски, Петар Спировски, Јулијана Мирчевска и Сандра Грибовска Илиевска, заедно со посветениот авторски и технички тим.

 

Фестивалот „Волшебни ноќи во Бутринт“ се одржува во периодот од 22 до 25 септември, а гостувањето на битолскиот театар претставува уште еден значаен исчекор во меѓународната промоција на македонската културна и театарска дејност.

 

Фото извор: https://kultura.gov.mk/





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.