Вечерва во МСУ – Скопје ќе биде отворена ретроспективната изложба „Благоја Маневски: 40 години творештво“

Музејот на современата уметност во Скопје вечер со почеток во 20 часот е домаќин на значајна ретроспективна изложба насловена „Благоја Маневски: 40 години творештво“, со која јавноста ќе има можност да го запознае богатиот уметнички пат и развој на еден од нашите истакнати ликовни автори.

 

Поставката го опфаќа творечкиот опус на Благоја Маневски (1957) создаден во периодот од 1985 до 2025 година, обединувајќи репрезентативни дела од различни уметнички дисциплини и медиуми, меѓу кои сликарството, објектот, инсталацијата, фотографијата, цртежот и перформансот.

 

Неговата четиридецениска кариера се одликува со постојано експериментирање, истражување на материјата и просторот, како и длабоко преиспитување на границите на уметничкото дело и личното искуство.

 

Маневски остварил значајни презентации во национални и меѓународни рамки, учествувајќи на престижни манифестации како „Југословенски документи“, Биеналето на млади југословенски уметници во Риека и Венециското биенале.

 

Куратори на оваа изложба се Лилјана Неделковска и Натали Рајчиновска-Павлеска, додека координатор е Благоја Варошанец, а во рамките на настанот е објавено и репрезентативно монографско издание посветено на делото на авторот.

 

Фото извор: https://kultura.gov.mk/





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.