Премиерен настап на македонското трио „Анимато“ во Белград
- Детали
- Категорија: Култура
- Создадено: 28 Септември 2026
Македонското камерно трио „Анимато“, кое го сочинуваат пијанистката Светлана Димитриевска и флејтистките Даниела Неделковска и Симона Марочковска Манојловска, вечерва со почеток во 20 часот ќе го одржи своето прво гостување пред белградската публика, со концертот насловен „Музичко патување“ во галеријата „Артгет“ при Културниот центар на Белград.
На вечерашната програма се застапени врвни остварувања од класичната и современа музичка литература, меѓу кои композиции од Шостакович, Фурштенау, Доницети, Пјацола, Елгар, како и дела од македонскиот композитор Давор Јордановски.
Овој настап претставува значаен чекор во промоцијата на македонската музичка изведувачка уметност и културна соработка на регионално ниво.
Концертот се организира под патронат на Македонскиот културно-информативен центар во Белград, со институционална и финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам.
Фото извор: https://kultura.gov.mk/
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













