Концерт од циклусот „Млади за млади“ во Македонската филхармонија: Вечерва настапуваат младите музичарки Леона Кондратенко и Фатима Алиева

Во рамките на концертниот циклус „Млади за млади“, вечерва со почеток во 19:30 часот, во Камерната сала на Македонската филхармонија ќе се одржи концерт на младите и перспективни музичарки Леона Кондратенко (виола) и Фатима Алиева (пијано).

 

Овој музички настан е дел од традиционалната соработка помеѓу Музичката младина на Македонија и Музичката младина на Србија.

 

Како дел од оваа меѓународна размена, дуетот на 21 септември оствари успешен настап пред белградската публика, а концертната презентација сега ја заокружува во Скопје.

 

На вечерашната програма се застапени врвни дела од класичната и современа музичка литература, меѓу кои композиции од Роберт Шуман, Јорк Боуен, македонскиот автор Сони Петровски, Богуслав Мартину, Дмитриј Шостакович и Мануел де Фаља.

 

Концертот се реализира со институционална и финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам, а организаторите потсетуваат дека влезот за сите љубители на класичната музика е слободен.

 

Фото извор: https://kultura.gov.mk/





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.