Завршна вечер во киното „Фросина“: Со презентација на младински проекти и доделување награди се затвора 14. издание на „Џифони Македонија“
- Детали
- Категорија: Култура
- Создадено: 29 Септември 2026
Со свечена завршна вечер што ќе се одржи вечерва со почеток во 19 часот во киното „Фросина“, официјално се затвора 14. издание на Младинскиот филмски фестивал „Џифони Македонија“.
Програмата предвидува претставување на филмовите и креативните проекти што младите учесници ги изработија во рамките на фестивалските работилници, како и прогласување на најдобрите остварувања и избор на учениците кои ќе ја претставуваат Македонија на Филмскиот фестивал во Џифони во 2027 година.
Во текот на изминатите пет дена, младите имаа можност активно да учествуваат во богата програма која опфати филмски проекции, панел-дискусии и специјализирани работилници за краток и документарен филм, филмска фотографија, мјузикл, ликовна уметност, сториборд и 3Д-печатење.
Посебен акцент за време на фестивалските денови беше ставен на документарниот филм „Кој те создаде“ на финската режисерка Ирис Харма, кој ја третира темата за развојот на вештачката интелигенција.
Проекцијата беше проследена со инспиративна дискусија во која младите учесници разговараа со авторката за технолошките предизвици и влијанието на современите иновации врз општеството.
Фото извор: https://kultura.gov.mk/
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













