Министерството за култура и туризам ги објави годишните конкурси за финансирање проекти за 2027 година

Министерот за култура и туризам, Седат Сулејмани, на прес-конференција во Владата соопшти дека од денеска е отворен системот за електронско пријавување на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности во културата за 2027 година.

 

Процесот на аплицирање ќе трае до 30 октомври 2026 година, до 15:30 часот.

 

Конкурсите се наменети за поддршка на квалитетни, иновативни и одржливи културни содржини кои ја збогатуваат домашната понуда, создаваат нова публика и придонесуваат за регионална и меѓународна афирмација на македонската култура.

 

Како што истакна министерот Сулејмани, во фокусот ќе бидат проекти со долгорочен развоен потенцијал, меѓуинституционална соработка, како и активности насочени кон пограничните зони со цел рамномерна достапност на културните настани во сите средини.

 

Аплицирањето за сите области се врши исклучиво по електронски пат преку Националниот портал за е-услуги, додека пријави во печатена форма или по пошта нема да бидат разгледувани.

 

Во делот на оценувањето, се задржува воспоставениот реформски курс со минимален праг од 40 бода за финансиска поддршка, при што бодувањето се врши според унифицирани критериуми: до 70 бода за квалитетот на содржината, до 15 бода за човечките ресурси и до 15 бода за финансиската оправданост.

 

Фото: https://kultura.gov.mk/





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.