Во Македонскиот КИЦ во Белград вечерва се отвора изложбата „Саботна ноќна треска“ на Ветероска, Сековски и Блажев

Вечерва со почеток во 19:30 часот, во Македонскиот културно-информативен центар во Белград, свечено ќе биде отворена ликовната изложба насловена „Саботна ноќна треска“, дело на истакнатите македонски уметници Марија Ветероска, Игор Сековски и Иван Блажев.

 

Поставката, која ја имаше својата премиера во Скопје во 2024 година, преку видео и просторни инсталации, како и серија фотографии, длабоко ја истражува социјалната, психолошката и урбаната фрагментација на современиот живот во главниот град.

 

Куратор на изложбата е д-р Ана Франговска, а белградската публика ќе има можност да ја разгледа поставката сè до 1 ноември.

 

Проектот се реализира со финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам, во рамките на официјалната годишна програма за проекти од областа на меѓународната соработка и промоција на македонското културно творештво надвор од земјата.

 

Фото: https://kultura.gov.mk/





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.