Македонската литература на „Ноќта на литературата“ во Софија: Романот „Снегот во Казабланка“ од Кица Колбе пред бугарската публика

Македонската книжевност годинава ќе биде претставена на традиционалната манифестација „Ноќта на литературата“ во Софија, каде што пред бугарската читателска публика ќе се презентира наградуваниот роман „Снегот во Казабланка“ од истакнатата авторка Кица Колбе.

 

Настанот ќе се реализира во македонското „читателско гнездо“, сместено во клубот „Паве“, каде што извадоци од делото ќе ги интерпретираат Ѓорѓи Георгиев-Антика и Игор Дамјанов.

 

Романот, кој ја носи престижната домашна награда „Роман на годината“, неодамна беше објавен и на бугарски јазик во превод на Маријан Петров, што претставува значаен чекор во промоцијата на современите македонски автори надвор од земјата.

 

Манифестацијата „Ноќта на литературата“ преку серија настани на различни атрактивни локации во главниот град на Бугарија традиционално ги претставува современите европски книжевни дела и им овозможува на читателите непосреден контакт со европското културно творештво.

 

Фото: Министерство за култура и туризам





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.