Министерот Седат Сулејмани на средба со синдикатите: Законот за култура и колективниот договор во фокусот на разговорите

Министерот за култура и туризам, Седат Сулејмани, го оствари својот прв официјален состанок со претставниците на Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ) и Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК).

 

Средбата се одржа во конструктивна и позитивна атмосфера, а клучна тема на разговорите беа решенијата во Законот за култура и актуелните прашања врзани со Колективниот договор.

 

На средбата присуствуваа и претставници од Министерството за финансии, како и владин претставник и експерт по трудово право, проф. д-р Лазар Јовевски, со што беше обезбеден институционален и стручен капацитет за разгледување на барањата на синдикатите.

 

Од Министерството за култура и туризам порачаа дека остануваат целосно посветени на отворениот дијалог и соработката со синдикалните организации.

 

Целта на овие средби е трајно унапредување на работните услови во културниот сектор и изнаоѓање одржливи решенија кои ќе бидат во директен интерес на вработените и институциите.

 

Фото: Министерство за култура и туризам





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.