Македонската книжевност со национален штанд на престижниот Саем на книгата во Франкфурт
- Детали
- Категорија: Култура
- Создадено: 02 Октомври 2026
Македонската литература и годинава ќе биде дел од светската книжевна елита на престојниот Меѓународен саем на книгата во Франкфурт, кој ќе се одржи од 7 до 11 октомври.
Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) на манифестацијата ќе се претстави со посебен национален штанд, на кој публиката и издавачите од целиот свет ќе имаат можност да се запознаат со најновата современа македонска книжевност и литературата за деца, со особен фокус на зголемување на можностите за превод и публикување на македонски автори во странство.
На саемот продолжува промоцијата преку веќе препознатливиот концепт „Читај во 7/8“, со кој македонското творештво се профилира како литература со сопствен уметнички ритам и автентичен глас.
Покрај претставувањето на авторите, пред меѓународната книжевна јавност ќе бидат промовирани и конкретните можности за финансиска поддршка на преводите, обезбедени преку актуелните конкурси на Министерството за култура и туризам.
Националното претставување на македонската книжевност во Франкфурт се реализира со традиционална поддршка и институционално покровителство од Министерството за култура и туризам, со што продолжува континуираната промоција на македонското културно наследство и современо создавање на меѓународната сценa.
Фото: Министерство за култура и туризам
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













