Министерот Клековски во посета на Општата болница во Кичево: Инвестиции во нова апаратура и подготовки за изградба на нов објект
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 02 Октомври 2026
Министерот за здравство, Сашо Клековски, оствари работна посета на Општина Кичево, каде заедно со градоначалникот Александар Јовановски и директорката на ЈЗУ Општа болница Кичево, д-р Маја Цветановска Трајкоска, изврши увид во новостоетивната медицинска апаратура со која се опремени капацитетите на уставата.
Новата опрема значајно ќе придонесе за подобрување на дијагностиката и унапредување на здравствените услуги за граѓаните од регионот.
За време на средбата, соговорниците се осврнаа на еден од најстратешките проекти за локалната заедница – изградбата на новата болница во Кичево.
Проектот, кој се реализира со финансиска поддршка од Светската банка и Европската инвестициона банка, беше во фокусот на разговорите во насока на тековните подготовки, идната организација на работата и обезбедувањето стручен медицински кадар за беспрекорно функционирање на идниот објект.
Градоначалникот Јовановски истакна дека локалната самоуправа останува отворена за целосна соработка со Министерството за здравство и надлежните институции.
Со заеднички сили се работи на успешно заокружување на оваа капитална инвестиција, со што Кичево конечно ќе добие модерен здравствен центар што целосно ќе ги задоволи потребите на граѓаните.
Фото: https://www.facebook.com/JovanovskiAleksandar
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс



















