Директорот на БЈБ Александар Јанев во Прилеп: Падна митот за недопирливите, поднесени пријави против 21 лице за дрога и економски криминал

Директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Александар Јанев, го посети Одделението за внатрешни работи во Прилеп, каде оствари работна средба со раководството и истражните тимови по неодамнешната голема полициска операција за сузбивање на организирана криминална група.

 

Во рамките на долготрајната истрага спроведена во Прилеп, Скопје и Струга, полицијата изврши претреси на 37 локации – меѓу кои и кај четворица полициски службеници од ОВР Прилеп – при што во банкарски сеф беа пронајдени над 50.000 евра, а запленети се и моторни возила.

 

Јанев истакна дека операцијата била резултат на повеќемесечна посветена, истрајна и чесна работа на полициските службеници, кои соработувале со надлежните институции.

 

До Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е поднесена кривична пријава против 21 лице, а судот во Скопје веќе определи мерки за нивно обезбедување.

 

Директорот нагласи дека со ова успешно акциско заокружување „падна митот за недопирливите во Прилеп“, испраќајќи порака дека никој не може да се крие зад познанства и врски.

 

Посетата на Прилеп не означува крај на активностите, туку почеток на уште поинтензивно и повидливо присуство на полицијата на терен, со цел трајно зачувување на јавниот ред и сигурност.

 

Јанев упати апел до граѓаните активно да соработуваат со институциите и да пријавуваат криминални појави, потсетувајќи дека меѓусебната доверба се гради преку конкретни и видливи резултати.

 

Фото: МВР





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.