Сите патишта проодни, можна појава на поситни одрони
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 05 Октомври 2026
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози, а сите патни правци во државата се проодни.
ЈП „Македонијапат“ предупредува дека на одредени делници низ усеци и клисури е можна појава на поситни одрони.
Од претпријатието апелираат на внимателно управување, почитување на сообраќајната сигнализација и прилагодување на брзината кон условите на патот. Дежурните екипи се постојано на терен и се грижат за проодноста на патиштата.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













