Мицкоски: Очекувам ново намалување на цените на бензинот и дизелот

Премиерот Христијан Мицкоски очекува денеска повторно да се намалат цените на безоловните горива и на дизелот.

Одговарајќи на новинарско прашање за новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, Мицкоски рече дека Владата паралелно ги следи движењата на берзите и врз основа на тие податоци очекува ново поевтинување.

Според него, Македонија останува меѓу државите со најниски цени на дизелот и бензините од 95 и 98 октани, при што горивата, како што наведе, се поевтини за околу 25 до 50 центи по литар во однос на соседните земји.

Мицкоски најави и ребаланс на Буџетот, посочувајќи дека трошокот за одржување на ценовната стабилност изнесува околу 7 до 8 милијарди денари. Очекува процедурата за ребалансот да биде завршена во текот на овој месец.

„Прв приоритет е стандардот на граѓаните“, порача Мицкоски, додавајќи дека Владата ќе продолжи да работи на одржување на ценовната стабилност и на условите за инвестиции и економски развој.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.