Мицкоски: Фон дер Лајен кажа дека оваа Влада прави инспиративна работа за реформите, тврдењата на опозицијата се искривување на вистината

Претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за евентуално незадоволство од пораките на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, или од застојот на европскиот пат, изјави дека таквите тврдења доаѓаат од опозицијата и од блиски медиуми со цел свесно да се искриви вистината.

 

Мицкоски нагласи дека состанокот бил исклучително квалитетен, содржан и пријателски, додавајќи дека Фон дер Лајен оценила оти актуелната Влада прави „инспиративна работа“ во делот на реформите и посветеноста кон евроинтеграциите.

 

Според премиерот, овие пораки претставуваат дополнителна мотивација за продолжување на реформскиот курс, со очекување во периодот што следи да се интензивира процесот и да се најде решение за надминување на актуелната состојба.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.