ВМРО-ДПМНЕ: Охрид се развива со крупни капитални проекти и инвестиции во инфраструктурата, образованието и туризмот

Од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ излегоа со соопштение во кое истакнуваат дека Охрид продолжува со забрзана реализација на значајни капитални проекти насочени кон подобрување на условите за живот и целокупен развој на градот.

 

Како клучни инфраструктурни зафати што ги води локалната самоуправа предводена од градоначалникот Кирил Пецаков се посочени изградбата на современа катна гаража во центарот на градот, како и новата пречистителна станица во Трпејца, која има исклучително значење за заштита на екосистемот на Охридското Езеро.

 

Во соопштението се нагласува дека во изминатиот период се реализирани и бројни други проекти, меѓу кои реконструкција на улици и патишта, унапредување на водоводната и канализационата мрежа, модернизација на пумпната станица „Метропол“, како и комплетно уредување на плоштадот „Чинар“ во старата чаршија и новиот лик на „Холандскиот парк“.

 

Значајни инвестиции се констатирани и во сферата на образованието и младите, каде е изградена нова спортска сала во ООУ „Ванчо Николески“, се реконструира гимназијата „Св. Климент Охридски“ и е избрано идејно решение за нов Младински културен центар.

 

Од партијата потсетуваат дека Охрид продолжува силно да инвестира и во спортот, културата и туризмот, при што историскиот успех на ГРК Охрид со освојувањето на ЕХФ Европскиот куп е доказ за оправданоста на поддршката за спортските клубови, со што локалната самоуправа докажува дека гради модерен, функционален и европски град.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.