СДСМ: Две и пол години власт на ВМРО-ДПМНЕ донесоа економски дебакл, осиромашување на граѓаните и изолација
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 05 Октомври 2026
Од опозициската СДСМ излегоа со остри критики по повод две и пол години од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи ја актуелната власт за целосен економски колапс, пад на животниот стандард и блокирање на европскиот пат на државата.
Во партиското соопштение се наведува дека наместо ветените реформи, граѓаните се соочуваат со зголемени трошоци, рекордно висока потрошувачка кошничка која со изнајмен стан надминува 90.000 денари и најниски плати во европски рамки.
Од партијата посочуваат на сериозни финансиски проблеми, тврдејќи дека државниот долг е зголемен за 4 милијарди евра за рекордно кратко време, додека странските инвестиции се на историски најниско ниво.
Исто така, се нагласува дека земјоделците се соочуваат со доцнење и намалување на субвенциите, а ПИОМ се соочува со огромна финансиска дупка.
На крајот, од СДСМ оценуваат дека политиката на раководството ја турка земјата во изолација и економска неизвесност исклучиво поради страв од реформи и европско обвинителство.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













