Мицкоски најави ново намалување на горивата и ребаланс на Буџетот: Стандардот на граѓаните е прв приоритет

Претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) и плановите за нов ребаланс на Буџетот, изјави дека врз основа на владините анализи и движењата на светските берзи се очекува ново намалување на цените на безоловните бензини и дизелот.

 

Тој нагласи дека земјата останува со убедливо најниски цени на горивата во поширокиот регион, кои се и до 50 центи поевтини по литар во споредба со соседите.

 

Премиерот појасни дека оваа поволна цена за граѓаните има свој фискален товар кој изнесува околу 7 до 8 милијарди денари, поради што во текот на овој месец (октомври 2026 година) ќе се реализира ребаланс на Буџедот со цел целосно балансирање на финансиите.

 

И покрај глобалните економски предизвици и меѓународните конфликти, Мицкоски порача дека Владата останува посветена на зачувување на стабилноста на цените, заштита на животниот стандард и одржување на позитивниот инвестициски амбиент за понатамошен развој.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.