Свечено отворено повеќенаменско игралиште во Долно Коњари
- Детали
- Категорија: Петровец
- Создадено: 10 Март 2026
Денеска градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски, заедно со министерот за спорт на Република Македонија, Борко Ристовски, и членовите на Советот на Општина Петровец, присуствуваа на свеченото отворање на новото повеќенаменско игралиште во населеното место Долно Коњари.
Градоначалникот Митевски изрази благодарност до Владата и Министерството за спорт за обезбедените средства за изградбата на современото игралиште. Тој истакна дека во наредниот период ќе продолжат активностите за реновирање и уредување на останатите игралишта на територијата на Општина Петровец.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













