Перински во Петровец: За општината одобрени седум инфраструктурни проекти вредни над 100 милиони денари
- Детали
- Категорија: Петровец
- Создадено: 22 Јуни 2026
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, оствари работна посета на Петровец, каде со градоначалникот Борче Митевски и општинската администрација разговараше за актуелните предизвици, развојните приоритети и можностите за унапредување на локалните услуги.
Во фокусот на средбата беа зајакнувањето на административните капацитети преку Ресурсниот центар за поддршка на општините, ажурирањето на базите на даночни обврзници и мерките за зголемување на сопствените приходи на локалната самоуправа.
Перински истакна дека директната комуникација со општините овозможува подобро препознавање на реалните потреби на граѓаните и поефикасно креирање решенија за локален развој.
Посебно внимание беше посветено на тековните и идните инвестиции во општината. Преку двата јавни повика за финансирање инфраструктурни проекти, за Општина Петровец се одобрени вкупно седум проекти во вредност од 100,7 милиони денари.
Градоначалникот Митевски ја поздрави поддршката од Министерството, оценувајќи дека ваквите инвестиции ќе придонесат за подобрување на инфраструктурата и квалитетот на живот на граѓаните.
Министерството за локална самоуправа најави дека ќе продолжи со теренските посети низ општините со цел навремено согледување на локалните потреби и обезбедување поддршка за нивниот понатамошен развој.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













