Делови од Општина Петровец денеска без струја
- Детали
- Категорија: Петровец
- Создадено: 05 Јули 2026
Од ЕВН Македонија информираат дека денеска (5 јули) без електрична енергија ќе останат повеќе населени места и објекти во Општина Петровец поради планирани прекини во снабдувањето.
Прекинот ќе трае во периодот од 08:00 до 15:00 часот, а без струја ќе бидат корисниците од селата Огњанци и Чојлија, како и објектите на компаниите Арадико и Еуролед Вангел.
Електрична енергија нема да има и во Катланово – Стари Лозја, Катлановско Блаце, Бадар и Кожле, како и во фазанеријата Јасен, фазанеријата Пумпа, фазанеријата Тотици и тунелот Катланово.
Од ЕВН апелираат граѓаните и правните субјекти навреме да ги планираат своите активности во согласност со најавениот прекин на електричната енергија.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













