Општина Петровец одбележа една година од мандатот: Реализирани бројни инфраструктурни проекти, нови спортски игралишта и социјална поддршка

Градоначалникот на Општина Петровец презентираше отчет за постигнатите резултати и реализираните капитални инвестиции во изминатата година од мандатот, истакнувајќи дека локалната самоуправа работи домаќински, рамномерно и посветено во сите населени места.

 

Меѓу клучните реализации е решавањето на долгогодишниот проблем со водоснабдувањето преку бушење нови бушотини во Сушица, Горно Коњари, Катланово, Блаце, Кожле, Тотинци и Брезица.

 

Во делот на инфраструктурата, извршени се асфалтирања и поставување павер елементи и канализациони мрежи во Средно Коњари, Ржаничино, Огњанци, Петровец, Катланово, Катлановска Бања и Градманци, како и тампонирање на улици и чистење на мостови и одводни канали.

 

Посебен акцент е ставен на младите, спортот и образованието, каде покрај доделените работни униформи за учениците и реконструкцијата на училиштата, изградени се нови спортски терени, три теретани на отворено во Петровец, Ржаничино и Катланово, како и детски забавен парк во градинката „Авионче“.

 

Општината реализираше и значајни социјални мерки, вклучувајќи финансиска поддршка за пензионерите со пониски примања, првачињата и лицата со попреченост, како и доделување хуманитарни пакети.

 

Во наредниот период се најавува завршување на клучните проекти како регионалниот пат Дивље-Средно Коњари, новиот културен дом и новата детска градинка во Петровец, со што продолжува силната градежна офанзива во општината.

 

 

Фото и видео извор: ВМРО-ДПМНЕ

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.