Утре без струја делови од пет скопски општини

Во пет скопски општини утре, 25 септември, се планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија.

Во Бутел, од 08:00 до 14:00 часот без електрична енергија ќе останат дел од потрошувачите на улицата Хо Ши Мин.

Во Чаир, од 08:30 до 12:30 часот ќе нема струја на улиците Џон Кенеди, Перо Тошев и Максут Садик, поради работи во трафостаниците Топаанско Поле 24 и Топаанско Поле 25.

Во Општина Сопиште, од 08:30 до 14:00 часот е планиран прекин за корисниците на дел од улиците 9 и 1.

Во Центар, од 09:00 до 13:00 часот без напојување ќе останат дел од улицата 11 Октомври, зградите со број 86 и 52 и околните објекти.

Во Општина Илинден, од 12:00 до 13:00 часот без струја ќе останат дел од корисниците по гробиштата во Илинден.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.