Денеска без струја делови од Бутел, Чаир, Сопиште, Центар и Илинден
- Детали
- Категорија: Град Скопје
- Создадено: 25 Септември 2026
Повеќе делови од Скопје и околината денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани интервенции на електродистрибутивната мрежа.
Во Бутел, дел од потрошувачите на улицата „Хо Ши Мин“ ќе бидат без струја од 08:00 до 14:00 часот.
Во Чаир, прекин од 08:30 до 12:30 часот ќе има на улиците „Џон Кенеди“, „Перо Тошев“ и „Максут Садик“, поради работи во трафостаниците „Топаанско Поле 24“ и „Топаанско Поле 25“.
Во Сопиште, дел од улиците 9 и 1 ќе бидат без напојување од 08:30 до 14:00 часот.
Во Центар, дел од улицата „11 Октомври“, зградите со броеви 86 и 52 и околните објекти ќе останат без струја од 09:00 до 13:00 часот.
Во Илинден, дел од корисниците по гробиштата ќе имаат прекин во снабдувањето со електрична енергија од 12:00 до 13:00 часот.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













