Водовод: Водата во Скопје е безбедна за пиење

Водата од водоснабдителниот систем на Скопје е безбедна за пиење, покажуваат резултатите од дневниот мониторинг на ЈП „Водовод и канализација“.

Во текот на 24 септември, Секторот за санитарна контрола зел 41 примерок од водоводната мрежа во Скопје, од кои три биле од бунарскиот потег Нерези–Лепенец.

Примероците се испитуваат во акредитираните лаборатории при Секторот за санитарна контрола, каде се вршат физичко-хемиски и микробиолошки анализи согласно прописите за безбедност и квалитет на водата за пиење.

Од ЈП „Водовод и канализација“ соопштуваат дека, согласно добиените резултати, сите испитани примероци од водоснабдителниот систем на град Скопје одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.