Утре посебен сообраќаен режим во Скопје
- Детали
- Категорија: Град Скопје
- Создадено: 25 Септември 2026
По повод предвидениот фудбалски натпревар од Лигата на нации помеѓу националните селекции на Македонија и Швајцарија, кој ќе се одржи утре, сабота (26 септември), со почеток во 20:45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, СВР Скопје најави воведување посебен режим на сообраќајот во сообраќајниците околу спортскиот објект.
Како што соопштија надлежните институции, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе соодветни мерки и активности за пренасочување и обезбедување на непречено одвивање на сообраќајот пред, за време и по завршувањето на натпреварот.
Од Министерството за внатрешни работи упатуваат апел до сите граѓани и учесници во сообраќајот целосно да ги почитуваат наредбите, насоките и препораките што ќе ги даваат униформираните полициски службеници на терен, со цел да се обезбеди максимална безбедност и непречено одвивање на јавниот ред и мир за време на овој значаен спортски настан.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













