Утре без струја делови од Бутел, Гази Баба и Чаир

Поради планирани интервенции на електроенергетската мрежа, во понеделник, 28 септември, без електрична енергија ќе останат потрошувачи во делови од Бутел, Гази Баба и Чаир.

Во Бутел, прекинот ќе трае од 07:55 до 09:55 часот и ќе ги опфати делови од улиците „Марко Крале“ и „Љубо Петровиќ“.

Во Гази Баба, без струја од 09:00 до 13:00 часот ќе бидат потрошувачите на дел од улицата „840“ и дел од улицата „Благоја Стефковски“, ул. 1.

Во Чаир, поради работи во ТС Чаир 18, прекинот ќе биде од 10:10 до 12:10 часот, а ќе ги опфати улиците „Вуковарска“ и „Струмичка“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.