Водовод: Водата во Скопје е безбедна за пиење
- Детали
- Категорија: Град Скопје
- Создадено: 28 Септември 2026
Сите 41 примерок од водоводната мрежа во Скопје, земени за испитување на квалитетот и безбедноста на водата, одговараат на пропишаните стандарди, информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
Од земените примероци, три се од бунарскиот потег Нерези–Лепенец.
Примероците се испитувани преку физичко-хемиски и микробиолошки анализи во акредитираните лаборатории на Секторот за санитарна контрола.
Од „Водовод“ посочуваат дека според добиените резултати, сите примероци од водоснабдителниот систем на Скопје одговараат на Правилникот за барањата за безбедност и квалитет на водата за пиење.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













