Град Скопје: Утре започнува најмасовната еко-акција „Да оставиме пример, не ѓубре!“ во сите општини
- Детали
- Категорија: Град Скопје
- Создадено: 29 Септември 2026
Скопје утре, 30 септември, со почеток во 10:00 часот, ќе биде домаќин на најмасовната еколошка акција за чистење под мотото „Да оставиме пример, не ѓубре!“.
Иницијативата опфаќа активности на територијата на сите скопски општини, каде што се очекува учество на илјадници волонтери, градоначалници, претставници на дипломатскиот кор, ученици, јавни личности и спортисти.
Целта на акцијата е уредување на јавните површини, улиците, парковите и маалата, со што преку заеднички социјален ангажман ќе се придонесе кон почиста и поздрава животна средина во главниот град.
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, упати јавен повик до сите граѓани масовно да се вклучат и со личен пример да придонесат кон зачувување на јавната хигиена.
Како дел од поширокиот план за трајно решавање на прашањата поврзани со хигиената и подигнување на еколошката свест, од градската управа најавуваат дека ваквите чистења нема да бидат еднократни, туку ќе се организираат редовно, односно двапати месечно, со цел иницијативата да прерасне во трајна традиција за градот.
Фото извор: https://www.facebook.com/1OrceGj
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













