Голема еко-акција низ цело Скопје, најавени илјадници волонтери

Денеска во 10 часот започнува голема еколошка акција за чистење на Скопје.

Акцијата ќе се спроведува во сите скопски општини, а според најавата ќе учествуваат неколку илјади волонтери, општините и градоначалниците, амбасади, ученици, спортисти, јавни личности и граѓани.

Ѓорѓиевски ги повика скопјани да се приклучат и заеднички да ги исчистат улиците, парковите и маалата.

Тој најави дека акциите нема да бидат еднократни, туку ќе се одржуваат двапати месечно, со цел иницијативата да прерасне во редовна практика.

„Да оставиме пример, не ѓубре“, порача Ѓорѓиевски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.