Без вода делови од Маџари, Хиподром и Чаир
- Детали
- Категорија: Град Скопје
- Создадено: 01 Октомври 2026
Поради изведување приклучок и дефекти на водоводната мрежа, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисници во повеќе делови на Скопје.
Од 08:30 часот без вода ќе бидат дел од Маџари и новата населба Хиподром, поради приклучок од Ф-150 мм на улицата „1657“/7 и стопирање на мрежа од Ф-100 мм на улицата „Благоја Стефковски“. Во Трубарево ќе има намален притисок.
Прекинот ќе трае до санирање на дефектот.
Од 09:00 часот без вода ќе бидат и корисниците на улиците „Фан Ноли“, „Чаирска“, „Јајце“, „Челопек“, „Аврам Писевски“, „Зеф Љуш Марку“, „Бајрам Шабани“ и улица 157.
Од „Водовод и канализација“ информираат дека таму причината е уличен дефект на водоводна цевка Ф-150 мм на улицата „Цветан Димов“, кај Хатунџук џамија.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на санацијата.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













