Ѓорѓиевски: Историско преструктуирање и намалување на новите вработувања во Град Скопје со акцент на оперативниот кадар
- Детали
- Категорија: Град Скопје
- Создадено: 01 Октомври 2026
На седницата на Советот на Град Скопје е донесена одлука за драстично намалување на новите вработувања и реална оптимизација на администрацијата во сите јавни претпријатија и установи, со што се става крај на долгогодишните практики на неконтролирано зголемување на бројот на вработени на товар на градскиот буџет.
Како што истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, за првпат се предвидуваат помалку нови вработувања, при што вкупниот број на вработени во претпријатијата се намалува по законски основи, а административните позиции се сведени на минимум.
Наспроти тоа, приоритет се дава на теренските работници и оперативниот кадар неопходен за секојдневното функционирање на градот, како што се возачите во ЈСП и работниците во ЈП „Комунална хигиена“, со цел подобрување на јавниот превоз, чистотата и уредените зелени површини.
Ѓорѓиевски нагласи дека со ова стратешко преструктуирање се штити буџетот и се насочуваат средствата таму каде што се најпотребни за граѓаните, со цел воведување ред, одговорност и поефикасно обезбедување на јавните услуги во главниот град.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













