Водовод: Водата во Скопје е безбедна за пиење
- Детали
- Категорија: Град Скопје
- Создадено: 02 Октомври 2026
Сите испитани примероци од водоснабдителниот систем на Скопје ги исполнуваат пропишаните услови за безбедност и квалитет на водата за пиење, информираат од ЈП „Водовод и канализација“.
При мониторингот спроведен на 1 октомври биле земени 41 примерок од водоводната мрежа, од кои три од бунарскиот потег Нерези–Лепенец.
Примероците биле испитани преку физичко-хемиски и микробиолошки анализи во акредитираните лаборатории на Секторот за санитарна контрола.
Според добиените резултати, сите примероци се во согласност со Правилникот за барањата за безбедност и квалитет на водата за пиење.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













