Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради фудбалскиот натпревар меѓу Македонија и Шкотска на арената „Тодор Проески“
- Детали
- Категорија: Град Скопје
- Создадено: 02 Октомври 2026
По повод претстојниот фудбалски натпревар од Лигата на нации помеѓу репрезентациите на Македонија и Шкотска, кој ќе се одигра утре, 3 октомври (сабота), со почеток во 20:45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај најави воведување посебен сообраќаен режим.
Од СВР Скопје информираат дека со цел безбедно и непречено одвивање на спортскиот настан, сообраќајот во околината на стадионот ќе биде прилагоден на новонастанатите потреби.
Надлежните служби апелираат до сите учесници во сообраќајот максимално да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат униформираните полициски службеници на терен.
Граѓаните кои планираат движење низ централното градско подрачје во времето на одржување на натпреварот се повикуваат на трпение и навремено планирање на алтернативни правци, со цел да се избегнат метежи и да се овозможи масовна и безбедна поддршка за македонската репрезентација.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













