Водовод: Водата во Скопје е безбедна за пиење
- Детали
- Категорија: Град Скопје
- Создадено: 03 Октомври 2026
Сите испитани примероци од водоснабдителниот систем на Скопје ги исполнуваат пропишаните барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
На 2 октомври, Секторот за санитарна контрола зел 42 примероци од водоводната мрежа, од кои три се од бунарскиот потег Нерези–Лепенец.
Примероците биле подложени на физичко-хемиски и микробиолошки анализи во акредитирани лаборатории, согласно важечките стандарди за контрола на квалитетот на водата за пиење.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













