Денеска без струја делови од Ќојлија, утре улици во Карпош

Планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија ќе има денеска и утре на подрачјето на Скопје и Петровец.

Денеска, 5 октомври, од 08:00 до 15:00 часот, без напојување ќе останат корисниците на Супорт Солушнс – Ќојлија, во Петровец. Прекинот е поради пуштање во работа на нова трафостаница „Топбилд Ќојлија“ и обезбедување врска од ТС Индустриска зона Ќојлија до ТС Супорт Солушнс.

Утре, 6 октомври, од 08:40 до 13:00 часот, без електрична енергија ќе бидат корисниците на улиците „Миладин Поповиќ“, „Драган Ѓаконовски Шпато“ и „Беџих Сметана“ во скопската општина Карпош.

Станува збор за планирани прекини поради интервенции на електроенергетската мрежа.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.