Градоначалникот Ѓорѓиевски по повод Меѓународниот ден на учителот: Во училниците на наставниците расте иднината на Македонија
- Детали
- Категорија: Град Скопје
- Создадено: 05 Октомври 2026
По повод Меѓународниот ден на учителот, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, упати честитка до сите просветни работници, истакнувајќи ја нивната непроценлива улога во воспитувањето и градењето на генерациите што доаѓаат.
Во својата порака, тој нагласи дека секој од нас ноcи спомен за барем еден учител кој препознал талент, дал поддршка во клучните моменти и оставил трага во личниот развој.
Ѓорѓиевски им оддаде посебна почит на најуспешните професори кои во изминатата година се истакнале со својата посветеност, професионален развој и вложување во квалитетно образование.
Тој потсети дека зад нивните успеси и признанија стојат илјадници часови подготовка и искрена желба секој ученик да го покаже својот максимум.
Воедно, градоначалникот порача дека Град Скопје останува цврсто посветен на создавање подобри услови во образовниот систем преку конкретни инвестиции и поддршка за наставничкиот кадар, со цел училиштата да бидат места на инспирација, знаење и вистински вредности.
Фото: https://www.facebook.com/1OrceGj
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













