ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е уценет и исплашен човек во специфична психолошка состојба кој работи за туѓи интереси
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 02 Октомври 2026
Од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ излегоа со остри реакции на најновите јавни настапи на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека се наоѓа во тешка и неконтролирана психолошка состојба.
Според партиското соопштение, Филипче е „уценет и исплашен човек“ кој има сериозни политички долгови, од една страна кон поранешниот премиер Зоран Заев кој го инсталирал на претседателското столче, а од друга страна кон бугарскиот претседател Румен Радев, пред кој наводно презел опасни обврски.
Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека СДСМ под раководство на Филипче е претворена во маргинална партија разурната од внатрешни конфликти, меѓусебни обвинувања за криминал и јавни пресметки меѓу сопартијците.
Во текстот се додава дека неговите политички ставови за уставните измени и евроинтеграциите целосно се совпаѓаат со официјалната бугарска политика, што според нив претставува директно слугување на туѓи интереси на штета на македонските државни позиции.
Партијата во својата реакција се осврна и на неговиот секојдневен речник во јавните настапи, оценувајќи дека неговото непресметливо однесување и употребата на неприродни квалификации се директна последица на притисоците со кои соочува.
Заклучувајќи дека на ваквите настапи гледаат со жалење и сочувство, од ВМРО-ДПМНЕ му упатија јавна препорака на лидер на опозицијата што поскоро да побара стручна медицинска помош.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс



















