Трајков на средба со германскиот заменик-шеф на Мисијата Фос: Фокус на реформите од Реформската агенда и германската експертиза
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 02 Октомври 2026
Заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков, оствари работна средба со заменик-шефот на Мисијата на германската амбасада, Јан-Аксел Фос, и со Кевин Мас од политичкиот оддел на Амбасадата, на која во фокус беа досегашните резултати и идните чекори во спроведувањето на Реформската агенда за периодот 2024–2027 година.
За време на разговорите, Трајков ги презентираше постигнатите активности на институциите и нагласи дека реформскиот процес е насочен кон изградба на поефикасни, транспарентни и целосно одговорни институции по европски стандарди.
Исто така, соговорниците разменија мислења за можностите за интензивирање на соработката и искористување на германските искуства и експертиза во клучните области опфатени со агендата.
На крајот од средбата, заменик-министерката ја нагласи големата важност од континуираната поддршка што Сојузна Република Германија ја дава на државата, оценивајќи ја како клучна за успешно заокружување на реформите и зацврстување на нејзината европска перспектива.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс



















