Нов Дневен центар за лица со попреченост во Кочани: Министерот Велковски на отворањето порача грижа и еднакви можности за сите

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, заедно со градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов, и генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити, свечено го отвори новиот Дневен центар за лица со попреченост во Кочани.

 

Проектот е реализиран преку меѓуопштинско партнерство меѓу Црвениот крст Кочани, Општина Кочани, Чешиново-Облешево и Зрновци, со финансиска поддршка од Проектот за подобрување на социјалните услуги.

 

Центарот располага со капацитет за грижа на 12 корисници месечно, а услугата е наменета за лица над 26-годишна возраст со тешка телесна, интелектуална или комбинирана попреченост.

 

Во рамките на установата ќе се реализираат работно-окупациони, едукативни и рекреативни активности, приспособени на индивидуалните потреби на корисниците, со цел унапредување на нивната самостојност, социјализација и активна вклученост во секојдневниот живот на заедницата.

 

Министерот Велковски истакна дека отворањето на овој центар претставува важен чекор кон изградба на инклузивен систем кој нуди поддршка таму каде што е најпотребна.

 

Министерството најави продолжување на инвестициите во локални социјални услуги, обезбедувајќи навремена и квалитетна грижа за граѓаните во нивните места на живеење.

 

Фото: https://www.mtsp.gov.mk/





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.