Сите патишта проодни, времен режим на повеќе делници
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 03 Октомври 2026
Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Поради градежни активности, времен режим на сообраќај се применува на неколку делници. На патот А2 Гостивар–Кичево, кај мостот бр. 63 на реката Тајмишка, се врши санација на мостот, додека на регионалниот пат Р1201 Струга–Дебар се реконструира инекционата завеса на браната „Глобочица“.
Времен режим има и на автопатот А1, на делницата Гевгелија–ГП Богородица. Од исклучувањето за Гевгелија до граничниот премин сообраќајот се пренасочува на спротивната страна од автопатот, каде се одвива во две насоки. Изменетиот режим е предвиден до 15 април 2027 година.
Поради реконструкција, времен режим е воведен и на граничниот премин Делчево, кој, според известувањето, функционира непрекинато.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодување на брзината и почитување на сообраќајната сигнализација. Посебна претпазливост е потребна на делниците Катланово–Велес, Маврово–Дебар–Струга, Виница–Берово и Кочани–Делчево, каде постои можност за одрони.
Патниот правец Охрид–Ресен преку Националниот парк „Галичица“ е отворен за возила до 3,5 тони.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс



















